Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да зборуваме за хроничната бубрежна болест, донирањето органи и трансплантацијата“.

Трибината е посветена на подигнување на јавната свест, правилното информирање и отворениот разговор за хроничната бубрежна болест, органодарителството и трансплантацијата.

Преку стручни информации, размена на искуства и непосредна комуникација со граѓаните, ќе разговараме за можностите за лекување на бубрежните заболувања во регионот, како и за значењето на донирањето органи и трансплантацијата како највозвишен чин на хуманост во спасувањето човечки животи, велат организаторите.

На настанот ќе говорат претставници од Здружението „Нефрон“ и од Специјализираната болница за нефрологија и дијализа – Струга, како и соработници, граѓани и лица со лично искуство.

OhridNews