MTV Премиера е нов формат, во кој ексклузивно се претставуваат најновите спотови од целиот регион.

Од понеделник, 08 март, па во наредните 7 дена на регионалниот МTV канал, погледнете го најновиот спот од македонскиот рок состав Eye Cue, за песната „Not this Time“.


Eye Cue е македонски рок бенд, формиран во 2001 година. Составот на бендот во текот на годините се менувал, но столбот го сочинуваат Бојан, Саре и Иво. 

Три години од основањето, овој кавер бенд немаше амбиции да создава сопствен звук, но соработката со продуцентот Бојан Перин ги поттикна на вакви размислувања. По настапот на фестивалот „Рок Кафе 1 и 2“, објавени се првите верзии од хитовите „Магија“ и „Не лути се човече“.

Во 2007 година, Eye Cue почнува соработка со познатиот македонски продуцент Валентин Скендеровски и по неколку месечна работа, започнуваат да компонираат песни за деби албумот.

Албумот „Superstar Wannabe“ е објавен една година подоцна, а дел од него беа и хитовите „Магија“, „Glowing Lips“ и секако насловната тема „Superstar Wannabe“.

Eye Cue имаат настапувано на сите поголеми фестивали во Македонија и моментално работат на новиот студиски албум.

MTV ПРЕМИЕРА, понеделник 08 март во 20:00! 

OhridNews