Во петок, на регионалниот МТВ канал, ексклузивно ќе можете да ја погледнете светската премиера на новиот спот на Шакира за песната “Gipsy”.


Шакира ја загреа светската јавност со новото видео, во кое полугола се појавува во друштво на тенискиот ас Рафаел Надал. Спотот направи вистинска новинарска фама, во која таблоидите тврдеа дека поп ѕвездата и тенискиот шампион се во врска. Секако, подоцна веста беше демантирана од двете страни.

Песната “Gipsy” е четврти по ред сингл од албумот „She Wolf“. Се работи за нејзиниот шести по ред студиски албум, објавен во октомври, минатата година. Тимот кој застана зад продукцијата на албумот е составен од светски докажани музичари, како: Џон Хил, Вајклиф Жан, Нептунс и Тимбаленд.

 

„Хитана“ е насловот на истоимената песна, препеана на шпански и наменета само за тој пазар. Во Барселона, пред две недели се снимени и англиската и шпанската верзија на спотот, а режисер на двете видеа е Хауме де Лаигуана.

MTV, петок, 26.02.2010 во 12:00!! НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!!

Ohridnews