Во насока на обезбедување стабилен и сигурен пренос на електричната енергија, Електродистрибуција и годинава ги реализираше редовните годишни визуелни инспекции на 110 kV и 35 kV надземни водови на целата територија на државата.

Посебен акцент беше ставен на состојбата на столбните места и фундаментите, при што се евидентираа сите забележани недостатоци, оштетувања, присуство на вегетација и корозија, како и состојбата на заземјувањето. Дополнително, беа проверени проводниците, заштитните јажиња, спојните места и визуелните маркирања на далекуводите на премини над автопати, како и состојбата на заштитните коридори со фокус на контрола на вегетацијата и недозволена градба на објекти во овие коридори, потенцираат.

OhridNews













