Фудбалерите на Еспањол со погодокот на Жерард во судиското продолжение го совладаа Реал Мадрид со минимални 1-0 пред своите гледачи во првиот меч од 26-та рунда од шпанската Ла лига.

Тимот на Еспањол со минималниот триумф стопираше децениска негативна серија против „кралевите“ во мечевите од Примера на домашен терен. Последен пат на победа Еспањол се радуваше 2007 година.

Одлуката за победникот на мечот падна во втората минута од судиското продолжение кога Жерард добро искомбинира со Серхио Гарсија и со помош од Рафа Варан го матираше Кејлор Навас.

Еспањол со трите бодови се искачи во средината од табелата, додека Реал Мадрид нема многу да гатува за поразот, бидејќи одамна не е во игра за титулата.

OhridNews