Од 21 до 25 септември, околу 30 модни дизајнери од 20 европски земји беа во Бања Лука, Босна и Херцеговина, како дел од модниот фестивал насловен „Европски моден пасош“ (European Fashion Passport). Настанот е замислен како симбол на сѐ поцврстата поврзаност на БиХ и европските земји.

Модниот фестивал е, се чини, најголемиот и најквалитетен моден настан во БиХ. Беше отворен со изложбата „Лузни“ на украинската уметница Оксана Бренцович и изложба на шведската амбасада под наслов „Модна револуција“…

Следеше ревијата „Поврзани во добро“, како нагласка на соработка со ЕУ во Босна и Херцеговина. Беше организирана и дискусија на тема „Креативноста како двигател на индустријата“.

„Европскиот моден пасош“ ја прогласи Ленка Сухова – словачка модна организаторка, за прв проект-амбасадор на модниот фестивал, а на словачкиот амбасадор Мартин Кача му е врачена посебна благодарница за поддршката во развојот на собирот.

OhridNews