Манчестер Сити ќе има екстра тешка задача во возвратниот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. „Граѓаните“ мораат да ја надминат резултатската мини криза и големата негатива (3-0) од првиот меч одигран против Ливерпул на Енфилд минатата недела.
Бразилскиот фудбалер за врска Фернандињо смета дека искусните играчите треба да понесат одговорност и да им дадат ветар во грб на помладите, кои, не се соочиле со вакви предизвици во кариерите.
– Не е лесно да се претрпат два порази во серија и да се остане смирен и концетриран. Сепак, во оваа екипа има искусни фудбалери кои мора да понесат одговорност и да покажа цврстина, бидејќи на младите им потребна поддршка. Имавме фантастични резултати сезонава, а да миниме во 1/2 финалето ни треба нов таков натпревар. Со поддршка од публиката можеме да направиме се и мислам дека имаме шанси да ја стигнеме предноста на Ливерпул. – изјави Бразилецот.
Манчестер Сити викендов кој измина претрпе пораз од Манчестер Јунајтед во градското дерби и пропушти шанса математички да ја осигура титулата, додека на тој неуспех претходеше оној од Ливерпул во ЛШ.
OhridNews