Светската фудбалска организација (ФИФА) прекина 80-годишна традиција, откако на листата судии од Европа не вклучи никој арбитар од англиската Премиер лига.
Последен светски собир кој се одиграл без присуство на англиски судија бил Мундијалот во Франција 1938 година. На минатото СП во Бразил англиски судија беше Марк Клатенбург кој во меѓувреме од Англија премина во Саудиска Арабија, додека финалето на Мундијалот во Јужна Африка го судеше Хаурд Веб.
Премиер лигата има свои судии со знакот на ФИФА, но не и квалитет да бидат дел од најдобрите кои ќе ја делат правдата на СП.
Судии:
Милорад Мажиќ (Србија)
Феликс Брих (Германија)
Чунејт Чакир (Турција)
Сергеј Карашев (Русија)
Бјонр Кјуперс (Холандија)
Мигел Лахож (Шпанија)
Џанлука Роки (Италија)
Дамир Скомина (Словенија)
Клемент Турпан (Франција)
OhridNews