Италијанскиот калчолигаш Фиорентина со нов потег ќе му оддаде почит на Давиде Астори кој ненадејно почина во сон на 31 година.
„Виолетовите“ тренинг центарот ќе го именуваат по Астори кој почина на почетокот од март месец на денот кога требаше Фиорентина да ги одмери силите со Удинезе во Серија А.
Фиорентина и Каљари во чест на Астори ги повлекоа дресовите со бројот 13, а на неговиот погреб присуствуваше целата фудбалска елита од Италија.
OhridNews