Во Благовештенскиот манастир во населба Рача во недопрената природа во подножјето на Галичица денес беше одбележан празникот Свето Благовештение – Благоец.

Традиционално на полноќ пред празникот се осветува вода и се крши празничен колач.

Со Благовештение почнуваат сите господови празници, а традицијата е дека секоја година од околните села па дури и од други градови е најпосетуван храмот во Рача кој е погоден за исихастички живот (молитвен) каде секоја година на полноќ се осветува вода.

Оваа традиција датира од 1947 година после поплавата која го зафатила манастирот и оттогаш потекува водата на полноќ.

OhridNews

фото. А. Момироска