Фото: Импровизација и интеракција со публиката при изведбата на шоуто „Comedy Jam“
30.07.25 15:28
Во рамки на деветтата вечер на „Summer Comedy Marathon“ вчеравечер беше изведено шоуто „Comedy Jam“ во Џез Ин.
Комичарите Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев приредија спонтано шоу со импровизација и вклучување на публиката. Оваа вечер за загревањето на атмосферата беше задолжен Јован Цветкоски.
За сите кои пропуштија да го погледнат шоуто Comedy Jam истото ќе биде повторно изведено на 8 август во Џез Ин со почеток во 20 часот.
А вечерва на програмата е соло настапот на Никола „Братучед“ Сиљаноски со шоуто ФИКСНО кое е повеќе од шоу – тоа е начин на живот својствен само за Братучед! Истото ќе биде изведено во Џез Ин со почеток во 20 часот.
Настаните на летниот комеди маратон следете ги на Охридњуз, а за билети и резервации кликнете на хахаха.мк или на телефонскиот број 075/283-066.
Фото галерија:
Импровизација и интеракција со публиката при изведбата на шоуто „Comedy Jam“
На 25 ноември, во денот кога го празнуваме споменот на св Јован Милостив и преп Нил Постник и во денот кога се навршуваат две години од упокојувањето на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, во ман...
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во периодот јануари – декември 2027 година, ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач со ел...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид з...