Фото: Шоуто Sexpirience понуди вечер на заводлива комедија
23.07.25 15:01
Уште една вечер исполнета со хумор и забава во рамки на седмото издание на „Summer Comedy Marathon“. Шоуто Sexpirience изведено вчеравечер во Џез Ин понуди заводлива комедија со бесрамно добра смеа.
Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски, Зоран Донев и Јован Цветкоски ги разголија тајните на љубовта, страста и сѐ што (не) треба да се каже во спалната.
За публиката која не успеа да го погледне вчеравечер шоуто Sexpirience повторно ќе биде изведено на 9 август во Џез Ин со почеток во 20 часот.
Вечерва, пак, на програмата на „Summer Comedy Marathon“ е шоуто Црн хумор во кое Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев ќе ги пробијат табуата и ќе покажат дека и мракот може да биде смешен. Истото ќе биде изведено во Џез Ин со почеток во 20 часот.
На 25 ноември, во денот кога го празнуваме споменот на св Јован Милостив и преп Нил Постник и во денот кога се навршуваат две години од упокојувањето на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, во ман...
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во периодот јануари – декември 2027 година, ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач со ел...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид з...