Скијачот Метју Февр се соочи со остранување од Зимските олимписки игри (ЗОИ), откако ги наруши кодексите за однесување и дисцилина во француската експедиција во Пјонгчанг.

Февр кој е познат како момче на Михаела Шифрин во велеслаломската трка заврши со најслаб пласман од француските скијачи, а во изјавата после велеслалом рече дека не го интересира пласманот на останатите скијачи од Франција и оти гледа само за него. – Кога само би знаеле што мислам за групата и колективот. Овде сум да се натпреварувам за себе. – изјавил Февр.

Час подоцна скијачот се извини, но попусто, бидејќи Францускиот олимписки комитет донесе одлука за остранување на Ферв од репрезентацијата.

OhridNews