Фризерското студио Elit Mari заедно со пријателите организира хуманитарна акција за малата Ева на 12 март. На овој ден сите средства од услугите ќе бидат наменети за лекување и поддршка на малата Ева.

Ha 12.03.2026 вратите од Студио Елит Мари и Студио Арт ќе бидат отворени од 9h do 17h за хуманитарни цели. Целиот промет ќе биде доделен за лекување на малата Ева. Ќе има за продажба и вкусни работи од @ketteringchana и производи за коса од нашите соработници. Повелете сите кои сакате да донирате. Тој ден нема да работиме со закажување, сите сте добредојдени. Со срце за Ева, велат од Elit Mari.

 

Охрид е обединет во напорите за спас на младиот човечки живот. Покрај бројните акции и иницијативи за поддршка на Ева, отворен е и број за донации на мобилниот оператор „Телеком“ – 143126.

Средства за лекување на малата Ева може да се донираат и на платформата ecrowd.mk, како и на специјалната сметка за таа намена во Комерцијална Банка: 300017123936746.

Лекувањето на Ева чини 15,5 милиони денари. Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Секој придонес значи чекор поблиску до нејзиното оздравување. Секоја споделена порака значи надеж повеќе.

OhridNews