Екипата на Милан се соочи со елиминација од Арсенал во 1/8 финалето во Лигата на Европа, откако ги изгуби двата натпревари. Англичаните во Милано славеа со 2-0, додека во Лондон домашните фудбалери забележаа победа 3-1. Dуелот на Емирати покрај одличните голови го одбележа скандалозниот пенал кој Арсенал го доби при негатива 1-0. Велбек кој го изнуди пеналот го претвори во погодок.
– Осминафиналниот двобој со Арсенал ние го изгубивме после поразот на Сан Сиро. Она што многу ме изнервира и разочара е откажувањето во нашиот состав после вториот примен погодок, а ние им дозволивме да постигнат трет гол и да слават убедлива победа. Околу судењето и пеналот не сакам да разговарам, бидејќи и судиите грешат како играчите. – изјави Џенаро Гатузо.
Менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер имаше пофални зборови за Милан и забелешка за играта во одбрана на својата екипа.
– Двомечот со Милан беше вистинско уживање, бидејќи двете екипи игравме отворен фудбал. Од двата дуели видов дека треба да ја поправиме односно стегниме одбраната, затоа што чувањето на резултатот ни создаваше проблеми. Во второто полувреме кога нападнавме, немавме воопшто проблеми во дефанзива, но мора да извлечеме поуки од првиот дел во кој Милан доминираше. – потенцираше Венгер.
Ждрепката за 1/4 финалните парови во ЛЕ ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот.
ЛЕ: Скандалозниот пенал и киксот на Донарума ги сруши надежите на Милан на Емирати (видео)
OhridNews