Џенаро Гатузо и официјално го продолжи договорот со фудбалскиот клуб Милан. Според новиот договор, кој беше подолг период најавуван темпераметниот стратег ќе заработува два милиона евра по сезона и ќе остане на „Сан Сиро“ до 2021 година.

– Благодарам за довербата да бидам тренер на славен клуб како Милан. Се надевам дека набрзо ќе го вратиме на посакуваното ниво. – истакна Гатузо.

Тој на клупата на „росонерите“ го наследи Винченцо Монтела, кој доби отказ во ноември 2017 година.

OhridNews