Манчестер Јунајтед не дозволи шампионска промоција на Манчестер Сити во Премиер лигата, откако со пресврт (3-2) славеше во дербито на Етихад.

„Граѓаните“ после 45 минути игра имаа водство со головите на Винсент Компани и Илкај Гундоган имаа водство 2-0. Но, „црвените ѓаволи“ со двата погодоци на Пол Погба и едниот на Крис Смолинг го свртеа резултатот и ја одложија промоцијата на Манчестер Сити.

Манчестер Сити титулата во Премиер лигата ќе ја заверува следната рунда, но прво мораат да се судрат со Ливерпул во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. „Граѓаните“ со 3-0 го загубија првиот меч.

Резултати: Евертон – Ливерпул 0-0, Бурнмаут – Кристал Палас 2-2, Брајтон – Хадерсфилд 1-1, Лестер – Њукасл 1-2, Стоук – Тотенхем 1-2, ВБА – Свонси 1-1, Мен Сити – Мен Ју 2-3.

OhridNews