Професионалното балетско студио на професорката Ана Савиќ, на 23-ти јуни, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, ќе го одржи својот годишен концерт.
Членовите на балетското студио, од кои голем број годинава се закитија со вредни награди на меѓунродни натпревари, ќе покажат што научиле во изминатата година.
Изненадување на вечерта ќе биде настапот на 10-годишната гимнастичарка Леона која живее на Исланд.
OhridNews