На денешен ден во Честнохова, Полска родена е д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на современото здравство во Охридско – струшкиот крај, во нашата земја, а и во делови од Република Албанија.

Повеќе од четири децении Д-р Каваева беше посветен лекар, доајен на македонската педијатрија, активен општественик и хуманист.
Во здравствената установа „Маларична“ илјадници пациенти, најмногу доенчиња, деца и младинци од Охрид и околината беа најсовесно лекувани, вакцинирани, превентивно прегледувани, испраќани на лекување и рехабилитација во разни специјализирани установи во тогашна Југославија.
Д-р Каваева повеќе години го раководеше и првиот Родилен дом во Охрид, каде секојдневно го контролираше здравјето на новороденчињата.
OhridNews












