Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ максимално подготвен и расположен ќе го пречека мастерс турнирот во Мајами, откако имаше разочарувачки кам бек на турнирот во Индијан Велс. Некогашниот број еден во белиот спорт во Индијан Велс претрпе пораз во втората рунда од Јапонецот Таро Даниел.
– Последните два дена немам осетено болка и бев во ситуацијата да се фокусирам исклучиво на мојата игра. Ваквите тренинзи последниве неколку месеци се реткост затоа уживав. Претходно, констатно во главата ми вртеше помислата дали и колку ќе ме боли раката, а сега се фокусирав на техничките работи на тренингот. Далеку сум од мојата најдобра верзија, но секој ден работам напорно и се надевам дека ќе бидам оној стариот. – изјави Ѓоковиќ.
30-годишниот тенисер отворено зборуваше за периодот низ кој помина поради повредите. – Научив многу. Сега, од оваа дистанца гледам дека сум поминал многу. Последните 6-7 години бев многу успешен во тенисот, но ова ми е поголемо школо, отколку сите титули. Низ животот мора да се соочиш со различни околности и ситуации со кои никогаш не си се соочил. Таквиот период веќе е зад мене и потполно сум фокусиран на следните предизвици.
Ѓоковиќ на мастерс турнирот ќе настапи и во двојки. Партнер ќе му бидат Виктор Троицки.
OhridNews