Ученичка Ресмија Селоска, од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, на Регионалниот натпревар по шминка за младите козметички техничари што се одржа во Битола, го освои врвот и обезбеди директен пласман на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 12 мај во Скопје.

Со креативност, прецизност и силна визија, уште еднаш докажуваме дека вистинскиот успех доаѓа со тимска работа и посветеност, соопшти училиштето.

На натпреварот своите вештини и знаење на тема  “Свечена шминка”, ги претставија вкупно 12 натпреварувачки од училиштата: СОУ “Таки Даскало”- Битола, ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид и СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп.

Од охридското стручно училиште учество зедоа четири ученички кои со својот талент, умешност и оригиналност оставија силен впечаток.

OhridNews