Пожарот на депонијата Буково за кој деновиве алармираа граѓани, вечерва доби на интензитет. Пламените јазици се видливи од голема далечина, а наоколу се шири непријатна миризба. Граѓаните се загрижени за своето здравје.
Пожарите не се новина во нестандардната депонија Буково, особено во летниот период. Оваа депонија требаше да биде затворена уште во 2020 година, но истата се уште е во употреба, бидејќи се чека да почне со работа регионалната депонија во Новаци, каде ќе се одлага отпадот од битолскиот и охридскиот регион.
Г.М.













