Поради изведување на градежни активности кои се однесуваат на санација на уличната патна мрежа, Општина Охрид ги известува учесницитe во сообраќајот дека утре, 04.04.2026 година, на улиците „15-ти Корпус“, „Питу Гули“ и „Сирма Војвода“ ќе се изведуваат градежни работи.

Се замолуваат учесниците во сообраќајот за крајна внимателност при управување со моторните возила и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, велат од Општина Охрид.

Посочуваат дека во понеделник, 06.04.2026 година, за сообраќај ќе биде затворена дел од улицата „Димитар Влахов“, и тоа од почетокот на улицата кај кружната крстосница до крстосницата помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Мите Богоески“.

Воедно се замолуваат учесниците во сообраќајот на ден 06.04.2026 година да не ги паркираат возилата на оваа улица или веќе паркираните возила да ги отстранат, додаваат од Општина Охрид.

OhridNews