Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.

Градоначалникот Пецаков особено ја истакна улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид, како важен исчекор во унапредувањето на пријателските и билатералните односи помеѓу двете држави.

На средбата градоначалникот и амбасадорот разговараа за заложбите за продлабочување на соработката во повеќе области, како и за промоција на потенцијалите на Охрид на туристичкиот пазар во Босна и Херцеговина, информираат од Општина Охрид.

Воедно, информираат дека на средбата, градоначалникот Пецаков му доделил благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.

OhridNews