Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со охридскиот ученик Ахмед Сулејман, кој на државниот натпревар по математика го освои првото место со максимални 100 поени. Со овој успех младиот Ахмед стана и првенец на генерација во Република Македонија по математика.

Градоначлникот Кирил Пецаков му честиташе на постигнатиот успех, му поска во иднина неговите достигнувања да бидат што поголеми, а со тоа и целиот град да се гордее.
Овој успех е доказ дека трудот, упорноста и љубовта кон знаењето секогаш носат резултати. Нека ова биде само почеток на уште многу успеси, признанија и освоени врвови во иднина, посочи Пецаков.
Ахмед Сулејман е ученик во втора година во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.
OhridNews












