Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Ентони Гризман пред почетокот на Мундијалот во Русија ќе одлучи за неговата иднина и ќе може максимално фокусиран да се посвети на мечевите од неговата селекција Франција.
Репрезентативец на „триколорите“ беше голема желба на Манчестер Јунајтед, а симпатии кон покажува и Барселона, која обвинета беше од Атлетико Мадрид за тајни преговори со агентот на Гризман.
– Во Русија со мојата селекција сакам да патувам без никакви грижи и клупски притосици. Затоа пред СП ќе одлучам за мојата иднина и ќе можам да и помогнам што повеќе на мојата земја за успех. – изјави Гризман.
Офанзивниот фудбалер важечки договор со Атлетико Мадрид има до 2020 година, а за негова продажба пред истекување на договор „јорганџиите“ ќе заработата 100 милиони евра.
OhridNews