Премиерот Никола Груевски најави дека Владата ќе обезбеди нови 100 милиони евра од ЕБРД за кредитирање на фирмите за ублажување на последиците од европската должничка криза.

– Ќе продолжиме со различни мерки и активности за ублажување на последиците од европската должничка криза како што се преземање на нови кредитни линии од ЕБРД. Наскоро треба да се финишира новата кредитна линија од ЕБРД за македонските претпријатија вредна 100 милиони евра, рече Груевски.

Како што нагласи премиерот, претходната кредитна линија од ЕБРД била добро прифатена и најбарана од фирмите со оглед на тоа што се нудела со најниска камата и добри услови.

OhridNews