По завршувањето на сезоната Баерн Минхен ќе мора да си бара нов тренр, откако Hуп Хeјнкес потврди дека по 1 јуни ќе се повлече.
– Животот е повеќе од само работа. Јас ќе имам 73 години ова лето и никогаш нема да знаете уште колку време ви останува. Никогаш не планирав да бидам тренер повторно, и сигурно веќе тоа нема да го првам. – рече искусниот Хeјнкес.
Тој додаде дека го презел Баерн во ситуација кога немало никој друг кој ги исполнувал барањата на раководството во тој кус период. – Сега имаат доволно време да се одлучат.
Хејнкес покрај Баерн во тренерската кариера работел и во Ајнтрахт, Атлетик Билбао, Тенерифе, Реал Мадрид, Бенфика, Шалке, Баер и Борусија Менхенгладбах.
Неколку имиња се споменуваат за негови наследници, но се уште никој не се издвојува како главен фаворит за презамањето на палката во германската гордост.
OhridNews