Предвоениот тркачки автомобил на Адолф Хитлер, „Ауто Унион тип Д“,ќе се најде на аукција на 16 и 17 февруари во Париз.

Станува збор за еден од двата преостанати модели на тркачки автомобил кој освоил награда во Белград во 1939 година, истиот ден кога Велика Британија и` објави војна на Германија, а два дена откако Германија ја нападна Полска. Овој тркачки автомобил го направил Порше по барање на Хитлер, кој по доаѓање на функцијата германски канцелар во 1933 година понудил исклучително висока награда од 500 илјади рајхсмарки за изработка на возило кое на светот ќе му ја покаже технолошката супериорност на Германија.

Британската аукциска куќа „Кристис“ се надева дека в сабота овој автомобил ќе ја достигне досега најголемата цена која е платена за антиквитет од овој тип – девет милиони евра.

Н. Цветанов