Навивачите на Холандија после подолга пауза имаат причина за задоволство, откако нивните миленици го растурија во буквална смисла Европскиот шампион, Португалија со 3-0.
„Лалињата“ трите голови ги постигнаа во првиот дел кога „селесао“ играше со најдобриот состав. Резултатот во Мемфис Депај во 11-та минута, Рајан Бабел во 32-та го дуплираше водството, а конечните 3-0 ги постави Вирџил ван Дајк.
Секоја надеж за поволен резултат на португалците ја сруши Жоао Кансело кој во 61-та минута до втор жолт, автоматски црвен картон.
Резултати: Кина – Чешка 1-4, Велс – Уругвај 0-1, Бугарија – Казакстан 2-1, Финска – Малта 5-0, Албанија – Норвешка 0-1, Португалија – Холандија 0-3.
OhridNews