Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве хортикултурно го уреднија кружниот тек на пресекот на булевар „Туристичка“ и „Стив Наумов“.

-Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување. Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на претпријатието. На пет сегменти се формирани цветни леи, а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч, информираат од претпријатието.

Во близина на кружната сообраќајница, уредена е и бетонската жардињера каде е донесена плодна земја и се засадени зимзелени садници од видот топчеста туја.

OhridNews