Годишниот традиционален хуманитарен настан повторно ги обединува младите таленти и хуманоста на едно место.

Публиката ќе има можност да ужива во богата програма подготвена од учениците, кои преку својот талент и енергија испраќаат силна порака за заедништво и поддршка. Хуманата цел на овој настан е особено важна – сите собрани средства ќе бидат донирани за Ева, со што секој посетител станува дел од една поголема приказна на надеж и помош. Дојдете и поддржете ја нашата „Филмовизија“, порачуваат од Охридската гимназија.
Воедно, посочуваат дека картите се веќе во продажба во Гимназијата и дека бројот на истите е ограничен.
OhridNews












