Лајонс Клуб „Деница“ Охрид организира хуманитарно дружење „Од срце за Ева“ што ќе се одржи на 03.04.2026 година, петок, со почеток во 21:00 часот во Lounge bar Octava.
Сите собрани средства ќе бидат донирани со една заедничка цел да помогнеме од срце за Ева. Да бидеме хумани, заедно можеме повеќе, порачуваат од Лајонс Клуб Деница – Охрид.
На 10-годишната Ева и е дијагностициран остеосарком, редок и агресивен малиген карцином на коските. Ваквата дијагноза не може да се лекува во Македонија. Лекувањето на Ева чини 15,5 милиони денари. Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Секој придонес значи чекор поблиску до нејзиното оздравување.
OhridNews














