Емотивен, провокативен и незаборавен роман за тоа како љубиме,
ако се грижиме еден за друг и како сите избори што ги правиме
екнуваат низ наредните генерации.
   
Разновиден во пејзажот и обемот, слободен, мудар и сочуствителен во раскажувањето, романот “И планините одекнаа“ е крајно трогателен, волшебен роман кој потврдува дека Халед Хосеини длабоко ги чувствува и целосно ги познава врските кои не дефинираат нас и нашите животи.   

Почнува со срцепарателна, незаменлива врска меѓу две деца без мајка во едно авганистанско село. На тригодишната Пари нејзиниот постар брат Абдула повеќе и е мајка отколку брат. На деседгодишниот Абдула малата Пари му е се. Она што им се случува ним- начините на кои тоа се одвива низ животите на многу други луѓе – е доказ за моралната сложеност на животот. Во еден повеќегенерациски сплет на настани меѓу родители и деца , браќа и сестри , негуватели и братучеди, Хосеини ги истражува многубројните начини на кои членовите од семејството се љубат, се почитуваат и се жртвуваат. Следејќи ги ликовите и разгранувањето на нивните животи од- од Кабул до Париз, од Санфранциско до малиот грчки оствров Тинос- приказната постепено се  раширува на сите страни станувајќи емотивно се посложена и помоќна на секоја наредна страница. 

Поттикнат од истите забележителни филозовски инстинкти кои ги направија “Ловец на змејови“ и “Илјада неверојатни сонца“ толку прекрасни и познати, романот “И планините одекнаа“ повторно покажува дека Халед Хосеини е роден раскажувач.

Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“