Фудбалерите на Лацио го потиснаа Интер од ТОП 4 екипите на табелата во Серија А, откако пред своите гледачи со 2-0 ја совладаа Верона во последниот меч од 25-та рунда во италијанскиот шампионат.

„Лацијалите“ до триумфот стигнаа на крилата од Чиро Имобиле кој ги постигна двата погодоци. Репрезентативецот на „азурите“ резултатот го отвори во 55-та минута, а после пет минути погоди уште еднаш за комотно водство и конечна победа.

Во последната третина мечеви во Серија А како ретко до сега ќе се одлучува за титулата, патниците во ЛШ и борбата за долг живот во елитата.

OhridNews