Вечерва на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид (Народен Театар Охрид) од 20:00 часот „Импровокација“ со предвелигденски „special“. Билетите за шоуто по цена од 400 денари можат да се резервираат на телефон 075 283 066.

Точно заради тоа секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и никогаш не може да се повтори уште еднаш. Ваквата форма на театар е комична и спонтана. Рамката на импровизацијата ја даваат актерските задачи (т.н. игри) кои што ги одредуваат правилата на кои актерите се придржуваат додека ја импровизираат сцената. Публиката директно е инволвирана во процесот на создавањето на сцените со нивните предлози од место или во одредени случаи се јавуваат и како актери на сцената. Во зависност од енергијата на публиката и предлозите кои што таа ги дава , таков тематски правец добива и самата изведба.
Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
OhridNews













