Во петок со почеток во 10:00 часот во Општина Охрид (сала на Совет) ќе се одржи информативна сесија „Фер ангажман“ посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица.

Целта на сесијата е да обезбеди јасни и практични информации за примената на Законот за работно ангажирање на лица, како и за придобивките што ги нуди за работниците и работодавачите. Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, практични примери од релевантни сектори, како и демонстрација на електронскиот систем за пријава и одјава „е-Работа“, информираат организаторите.
OhridNews












