Во Струга во четврток ќе се одржи информативна сесија „Фер ангажман“ – Законот за работно ангажирање на лица со почеток во 13:00 часот во салата на Советот на Општина Струга.

Ве покануваме да присуствувате на информативната сесија „Фер ангажман“ која има за цел да понуди јасни и практични информации за примената на Законот за работно ангажирање на лица, информираат од Општина Струга.

На настанот посочуваат дека ќе бидат опфатени можностите и придобивките што ги нуди Законот, категориите на лица кои можат да бидат ангажирани, правата и обврските на работниците и работодавачите, како и електронската постапка преку системот е-Работа.

Информативната сесија е наменето за работници и работодавачи. Не ја пропуштајте оваа можност да се информирате и да придонесете кон формализирање на работата и намалување на сивата економија, додаваат од Општина Струга.

OhridNews