Водечката екипа на табелата во Серија А, Наполи успешно ја заврши својата обврска во 26-та рунда победувајќи го Каљари со убедливи 5-0. „Азурите“ со трите бодови од „Сардења“ арената се одлепија четири од второпласираниот Јувентус кој има меч помалку.
– Многу е важно што победивме, а исто така мора да се каже дека одигравме добар натпревар. Во преостанатите 12 рунди се е во наши раце и ништо не зависи од Јувентус кој чека наша грешка за да го преземе врвот на табелата. Оваа екипа низ неколку мечеви сезонава покажа дека има карактер и големо срце победувајќи на мечеви во кои беше многу тешко. Ние ќе продолжиме во исто темпо и ќе играме како да е финале на секој следен натпревар во Серија А. – изјави Лоренцо Инсиње.
Јувентус во заостанатиот меч од Серија А силите треба да ги одмери со Аталанта, а во последната третина од италијанскиот шампионат на домашен терен ќе го пречека Наполи кој првиот меч го изгуби со 1-0.
Наполи го прегази Каљари (видео)
OhridNews