„Црвената фурија“ на погон од Иско Аларкон ја понижи Аргентина победувајќи ја (6-1) на контролниот натпревар кој двете селекции го одиграа во Мадрид. Аргентинските репрезентативци немаа одговор за Иско кој постигна три од шесте голови, а после мечот членот на „кралевите“ го пецна Зинеден Зидан за слободата која ја добива во клубот.

– Во Мадрид немам самодоверба, која е потребна за еден фудбалер. Натпреварите за Шпанија ме оживуваат, бидејќи гледам доверба од тренерот. Јас сакам да играм и да покажам дека вредам многу повеќе. Можеби јас сум проблем во Мадрид ? Но, искрено не знам како да ја заслужам довербата од Зидан. – изјави Иско.

25-годишниот фудбалер со оваа изјава после мечот со Аргентина предизвика бура во шпанските медиуми и социјалните мрежи. Се очекува одговор за Зидан, кој со голема успешност го предводи составот на Реал Мадрид. 

Реми на Вембли, Аргентина без Меси немоќна против Шпанија (видео)

OhridNews