Во сабота нѐ очекува тежок и важен натпревар против Пелистер. На последните неколку натпревари ја подигнавме формата, одигравме неколку одлични натпревари. Оваа недела сакаме да ја искористиме за уште повеќе да ја подигнеме нашата форма, да ги одработиме оние работи што ќе се договориме и тоа да го пренесеме на терен, изјави ракометарот на ГРК Охрид Анте Иванковиќ.
Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот.
OhridNews










