Во издание на Општина Охрид излезе книгата „Библиографски портрет на Славе Ѓорѓо Димоски“ која ја приреди Даниела Спироска.

Книгата е составена од четири дела со подделови: Првиот дел се однесува на посебно печатени книги, први објави на македонски јазик, преведени книги на други јазици, преведени книги од други јазици, книги на брајово писмо итн. – сѐ она што е објавено во форма на книга; вториот дел ја опфаќа целокупната критичка библиографија на поетот, како и интервјуа систематизирани хронолошки според годините и поводите на објавувањата. Третиот дел се однесува на библиографски единици објавувани во домашни и странски весници и периодика, додека четвртиот дел ја заокружува книгата со индекс на целокупното поетско творештво распоредено по азбучен ред, со поетски календар во кој се наведени неговите поетски средби и дружења во Македонија и во светот и завршува со список на добиени домашни и странски награди и куса библиографска белешка.
За изработка на овој „Библиографски портрет“ е користена личната архива на поетот, архивски материјали од НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Книгата опфаќа над 1500 библиографски единици.
OhridNews












