Општина Струга, во соработка со „Citroën 2CV Club Skopje“, организира изложба на олдтајмери која ќе се одржи во рамки на настанот „2CV Balkan Camping“.

Изложбата, како што информираат од Општина Струга, ќе биде во недела, 17 мај, во периодот од 12 до 14 часот на паркинг на Машка плажа – Струга.

Граѓаните и посетителите ќе имаат можност одблиску да ги видат легендарните возила кои претставуваат симбол на едно време, стил и автомобилска култура. Ве покануваме заедно да уживаме во уникатна изложба, дружење и атмосфера покрај eзеро, велат од Општина Струга.

OhridNews