Општина Струга, во соработка со „Citroën 2CV Club Skopje“, организира изложба на олдтајмери која ќе се одржи во рамки на настанот „2CV Balkan Camping“.

Граѓаните и посетителите ќе имаат можност одблиску да ги видат легендарните возила кои претставуваат симбол на едно време, стил и автомобилска култура. Ве покануваме заедно да уживаме во уникатна изложба, дружење и атмосфера покрај eзеро, велат од Општина Струга.
OhridNews












