Изложба „Патот на фреската“ вечерва во „Лапидариум“
19.07.25 11:31
Вечерва во 20 часот во Музејско–културниот центар „Лапидариум“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Патот на фреската“ од авторите Ангелина Спировска и Владо Мукоски. На изложбата која е во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид авторите ќе се претстават со 17 дела изработени во текот на оваа година.
Ангелина Спировска и Владо Муковски се академски ликовни уметници и конзерватори за ѕидно сликарство, кои повеќе од две децении активно дејствуваат во полето на уметноста и заштитата на културното наследство. Нивниот заеднички интерес за фреско техниката ги води кон истражување и создавање на современи дела изведени во оваа многу стара и заборавена сликарска техника.
Како уметници и професионални конзерватори на ѕидно сликарство, Спировска и Муковски го користат своето професионално знаење и искуство за да создадат дела што не се само технички доследни на фреско техниката, туку и естетскии концептуално предизвикувачки.
Изложбата на современи фреско слики насловена „Патот на фреската“ претставува современ визуелен дијалог со традицијата. Делата на Ангелина Спировска и Владо Муковски се изведени во автентичната фрескотехника, но носат мотиви и пораки кои говорат на јазикот на денешнината.
Инспирирани од духот на византиското сликарство, авторите го ослободуваат фреско изразот од сакралната догма и го пренесуваат во едно ново, уметничко и современо значење. Преку нивните слики што изгледаат како парчиња од ѕид, тие создаваат слики работени на свеж малтер како сликарска подлога, и со нивниот ликовен израз и сликарска техника го поставуваат прашањето: што зборуваат овие ѕидови денес?
Реализацијата на овој проект е со поддршка на Министерството за култура и туризам на РСМ.
Вчера попладне во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ...
Македонскиот туризам денес изгледа значително поинаку отколку на почетокот на независноста Домашните гости, кои доминираа во првите години, постепено го отстапија приматот на странските туристи, чи...
Денеска ќе преовладува променливо облачно и топло со сончеви периоди Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Максима...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.