Ждрепката во 1/2 финалето во ФА Купот на мегдан ги однесе Манчестер Јунајтед – Тотенхем, додека го „поштеди“ Челси кој за противник го доби Саутемптон.
„Црвените ѓаволи“ пласман во ТОП 4 обезбедија со победата над Брајтон (2-0), а Тотенхем со триумфот над Свонси (3-0). Саутемптон славеше над Виган кој рунда претходно го елиминираше Манчестер Сити, а лондонските „сини“ по продолженија го совладаа Лестер со 2-1.
Полуфиналните мечеви ќе се одиграат на 21 и 22 април на Вембли стадионот, на кој е закажано и финалето на најстарото клупско натпреварување во Европа.
Двојки: Манчестер Јунајтед – Тотенхем, Челси – Саутемптон
OhridNews