Убавото и сончево време денеска, ги измами охриѓани и туристите на прошетка. Многумина се одлучија за рекреација по кејот и патеката кон Горица, други пак уживаа на терасите од кафетериите. На плажата Куба Либре беше како во шпиц на сезона. 


Куба Либре

Според најавите на метеоролозите, под влијание на студена и влажна маса од север во текот на вечерта ќе настапи наоблачување. Утрото и во текот на денот во Охрид се очекуваат врнежи од снег и дожд. Максималната дневна температура ќе достигне до 3 степени Целзиусови.

OhridNews