Охридските ноќни клубови, ресторани и кафе барови нудат богата новогодишна програма, а охриѓани и туристите може да уживаат во голем број живи свирки и диџеј забави.

На 31-ви јануари за дочекот на Новата 2016 Година во „Kadmo Beach&Club“ за забавата ќе биде задолжен Јоце Панов. На 1-ви јануари ќе има забава со Jonny live, a на 2-ри јануари свој настап ќе има познатата македонска група „Куку Леле“.

Во ноќниот клуб „Хавана“ за новогодишниот дочек се организира забава со DJ Juxell-commercial night и DJ Petar кој ќе ја подига атмосферата со македонски и ју хитови. На 1-ви јануари во овој клуб за забавата ќе биде задолжен DJ Chiko-HIP HOP&R’N’B, a на 2-ри јануари DJ MM-deep/tech house.

Во дискотека „Парк“ за најлудата ноќ се најавува „The best new year party“. На 1-ви јануари за забавата во дискотеката ќе се погрижи познатиот „Tropico band“ од Србија, а на 2-јануари за забавата ќе бидат задолжени DJ Face I DJ Gec.

За најлудата ноќ во Lounge&bar „NOA“ ќе настапи познатиот музички уметник Ѓоко Танески. Покрај одлична музика, гостите ќе може да ужуваат во вкусни специјалитети на принцип „шведска маса“.

Во Lounge bar & boutique hotel „Mister I“ на 31-ви јануари ќе има дневна новогодишна забава од 14 до 20 часот со бендот „EYE CUE“. За забавата на 1-ви јануари со почеток во 21 часот ќе бидат задолжени DJ Face i DJ Andrej, а на 2-ри јануари со почеток во 21 часот ќе настапи бендот „The Hounds“ и DJ Gec.

Незаборавен дочек на Новата Година ветуваат и од ресторанот „Потпеш“ каде што гостите ќе ги забавува Мишко Крстески. Во кафе барот „CONNECT“ за новогодишниот дочек ќе има забава со диџеј, а на 1-ви и 2-ри јануари за забавата ќе биде задолжен Мишко Крстески.

Дочек на Новата Година се организира и во „Еспана клуб“ каде за забавата ќе бидат задолжени бендот „Адути“ и Деси. Бендот „Адути“ ќе биде задожен и за музичката забава на 1-ви и 2-ри јануари.

Организиран Новогодишен дочек ќе има во хотел „Силекс“ каде што гостите ќе ги забавуваат Влатко Миладиноски и „Селект бенд“. Овие музичари ќе бидат задожени и за забавата на 1-ви јануари.

Богата предновогодишна забава се организира и во рестораните „Билјанини Извори“ и „Белведере“, каде што имаат подготвeно неколку менија по избор.

Љубителите на староградската музика ќе можат да бидат дел од дневната забава во „Kadmo Lounge Bar“ на 31-ви декември, 1-ви, 2-ри и 3-ти јануари со почеток во 13 часот.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews