“Cadillac Eldorado” од 1951, возило со кое Јосип Броз Тито заедно со светски државници се возел по Бриони, деновиве ќе оди на обнова во Крапина (Хрватска) за после два – три месеци повторно да се врати на Бриони каде ќе вози посебни гости за цена од 5 илјади куни (1 куна = 8 денари) на час.

Се работи за раритетен модел на „кадилак“ темно зелен кој Тито го добил на дар од иселениците во Канада, а кој поради својата музејска вредност се проценува на повеќе од сто илјади евра.

За разлика од останатиот богат возен парк со кој се служел Тито, овој кадилак се смета за единствен негов личен автомобил.

„Се работи за раритетно возило произведено во Америка во серија од 532 парчиња. Иако е произведен во далечната 1951 година, кадилакот и денес е во возна состојба. Но времето го сторило своето па мора да биде обновен за повторно да биде репрезентативен пред гостите на Бриони“ – изјавил раководителот на секторот за техничка помош.

На возилото е потребно да се уреди кровот, дел од моторот, малку лимарија и хромирани делови, а работата ќе ја вршат Хрватскиот олтајмер сојуз и фирмата „Пресечки“ која бесплатно ќе ги врши поправките.

Еден час возење по Бриони во „Титовиот кадилак“ ќе чини 5 илјади куни, половина час 3 илјади, а за фотографирање во автомобилот или пред него треба да се издвојат 50 куни.


Само за носталгичари.
Јосип Броз Тито во Охрид 1967 година


Со Киро Глигоров во својот кабинет

С. Костоски