Пудрите и коректорите помагаат да ги “маскираме“ подочниците, флеките, пегите, црвенилото и акните. Сепак за мејк-апот да има ефект, важно е да се изберат и производите кои што одговараат. Професионалните шминкери откриваат неколку добри трикови.

Пред да ја нанесете подлогата намачкајте го лицето со крем кој одговара.Многу важно е тоа да биде производ кој одговара на вашата кожа, за неправилностите да не дојдат повеќе до израз. Потоа ставете течна пудра за нијанса потемна од вашиот тен.

Клучно е да изберете правилен коректор, ако имате проблеми со црвенило на лицето, испукани капилари или акни, користете зелен коректор. Класичниот, жолт, идеален е за прикривање на темните кругови околу очите, пеги и флеки. Ако кожата ви е изразено сува, на средината од челото, носот и јаболчниците, ставете виолетов коректор кој на лицето му дава природен сјај. За прикривање на лузни, комбинирајте посветол (намачкајте го на средина) и потемен ( за рабовите).

Доколку не знаете како да ги усогласите бојата на коректорот и подлогата, пред да го ставите на лицето, измешајте го на раката со течна пудра. Отечените подочници лесно можете да ги покриете со коректори со полесна текстура и хајлајтер, односно осветлувач на тенот. На крај, нанесете и пудра во прав, која може да биде и со светкави честички, кои ќе ви го освежат лицето.

извор:www.zenstvena.com